Бившата на Џегер и на 53 години изгледа како бомба: Жешката Бразилка го поминала денот на плажа со својот помал син

Лусијана Гименез има и помлад син Лоренцо, кој го имаше во брак со бразилскиот ТВ магнат Марсело де Карваљо.

Лусијана Гименез, бразилска ТВ водителка и поранешен модел, позната по кратката врска со фронтменот на Ролинг Стоунс, го помина денот уживајќи на плажата Транкосо во државата Баија со својот помлад син Лоренцо .

Иако Лусијана повеќе не се занимава со мода, сепак ја краси завидна фигура, а поради нејзиното извајано тело ретко кој би и дал 53 години.

Лусијана имала афера со Мик Џегер додека тој сè уште бил во неофицијален брак со моделот Џери Хол. Лусијана потоа забременила, а Џегер, иако на почетокот не сакал да го признае детето, тоа го направил откако тестот за татковство потврдил дека тој навистина е татко на момчето Лукас.

Поминаа повеќе од две децении од аферата, а Лукас Морис Морад Џегер сега има 23 години и живее во Њујорк.

Лусијана подоцна се омажи за Марсело де Карваљо , сопственикот на ТВ станицата RedeTV! и роди уште еден син Лоренцо кој сега има 11 години.


Пронајдете не на следниве мрежи: