Властите од регионот упатија сочувство за хеликоптерската несреќа во Украина во која загинаа 17 лица

Властите на Северна Македонија, Албанија и Косово упатија сочувство за рушењето на хеликоптерот во регионот на Киев, Украина, во кое загинаа најмалку 17 лица, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи.

Властите на Северна Македонија, Албанија и Косово упатија сочувство за рушењето на хеликоптерот во регионот на Киев, Украина, во кое загинаа најмалку 17 лица, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, изрази сочувство до украинскиот народ.

„Длабоко сум тажен од ужасната хеликоптерска несреќа во Бровари, Украина, со многу жртви, вклучително и министерот Денис Монастирскиј, други службеници и деца“, напиша Османи на социјалните мрежи.

Премиерот на Косово, Албин Курти, на својот профил на Твитер изрази дека е тажен за загинатите во хеликоптерската несреќа во Украина.

Курти нагласи дека неговата земја изразува срдечно сочувство до најблиските на оние кои ги загубија животите, и особено до семејствата на загинатите деца.

Министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, рече дека нивните срца и молитви се со украинскиот народ.

„Изразуваме срдечно сочувство за Владата и народот на Украина по трагичната загуба на живот на министерот Монастирскиј и на другите функционери и цивили, вклучувајќи и деца, во рушењето на хеликоптерот во близина на Киев“, истакна Џачка.


Пронајдете не на следниве мрежи: