Дознајте како се шминка Џенифер Лопез! Ова е најзначајниот детаљ кој ја прави да изгледа 10 години помлада (ВИДЕО)

Џенифер Лопез е позната по својата блескава кожа и беспрекорен мејкап изглед, а покрај производите од линијата за нега на кожата, JLo Beauty, неодамна ги откри и омилените производи за шминка, меѓу кои и омилената маскара It Cosmetics Superhero.

Во видеото Beauty Secrets за Vogue, познатата пејачка и актерка, објасни како да нанесете основни производи на лицето, како прајмер, пудра и бронзер а исто така објасни и како ја нанесува шминката на очите.

Таа употребува нежна кафеава сенка за очи како молив за очи, а потоа нанесува маскара It Cosmetics Superhero, која ја нарече „најважниот дел“ од нејзината шминка.

Оваа специјално формулирана маскара има технологија Elastic Stretch која ја обвиткува секоја поединечна трепка и ги издолжува со темен пигмент. Содржи и колаген, биотин, протеини и пептиди кои ги негуваат и зајакнуваат природните трепки и им даваат на очите поотворен изглед.

Маскарата содржи и специјална четка, која обезбедува рамномерно нанесување, ги одвојува и витка трепките.


Пронајдете не на следниве мрежи: