Во сицилијанското село Кампобело ди Макара, откриено е второто скривалиште на мафијашкиот бос Матео Месина Денаро.
Тоа скривалиште се наоѓа на само еден километар од првото во Виа Сем Вито во Палермо каде Денаро ги минал последните месеци во бегство, пишува Corriere della Sera.
Второто засолниште е еден вид блиндирана просторија и во него се пронајдени даночни сметки, дневен распоред и здравствени документи.
Агенцијата Ansa јавува дека скривалиштето, односно тајната соба била во стан на еднокатна куќа, скриена зад плакар, а во неа немало ниту кревет, ниту мебел, поради што се претпоставува дека Месин го искористил за да остави работи што му биле важни.
Како што се наведува, ова скривалиште е откриено 48 часа по апсењето на Денаро, благодарение на доверлива истрага.
Во него биле пронајдени празни кутии, па се претпоставува дека некој ги испразнал откако Денаро бил уапсен.
Главниот обвинител на Палермо, Маурицио Де Лусија, рече дека и ова ќе биде предмет на истрага.