четврток, 12 ноември 2026
Најново

(Видео) Ноќна стража на гробот на Гоце: Левица ноќта на 3 февруари ќе ја помине во Св. Спас

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Левица официјално ја поддржува иницијативата за чување на гробот на Гоце Делчев почнувајќи од 3 февруари и продолжувајќи на 4 февруари во црквата Свети Спас.

– И Левица ја поддржа оваа иницијатива со одлука, јас ќе бидам координатор за нашите луѓе. На трети е петок, после работа доаѓаме и ние на бдеењето на гробот на Гоце. Лани само ние како партија го одбележавме 150 годишнината од раѓањето, ние направивме и монети, имавме настан во МКЦ каде говореа историчари. ВМРО-ДПМНЕ за чудо ништо не организираше, од државата исто така никаква организација немаше освен да бидат плукани од народот за одбележувањето со Бугарите, вели Чиз.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски уште еднаш повика сите Македонци да дојдат во Свети Спас од каде екипата на Инфомакс ќе има мобилно студио.

– Ние на трети ќе се поставиме таму со мобилно студио и планираме Тешки муабети од терен, го покануваме јавно президиумот на Левица, фокусот ќе биде Гоце Делчев и ќе гледаме да направиме една емисија со сите ко-водители одеднаш и ги повикувам сите кои не гледаат да се приклучат, истакна Митовски.