Родителите од регионот исплашени: Се појави детска дрога во облик на мастики, доаѓа од Косово – еве каков ефект има

Во Србија се појави нова дрога посилна од екстази, во вид на гуми за џвакање и бонбони. Родителите се во паника откако од своите деца дознале за „снус“, вид кршен тутун, пишува „Република.рс“.

Симптоматично е што оваа дрога не е на забранетата листа. Докторката Светлана Вучетиќ, специјалист за болести на зависност, вели дека се работи за многу позната и опасна супстанција.
Оваа дрога најчесто доаѓа од Косово во минијатурни вреќички кои содржат концентрација на тутун меѓу 1,5 и 3 милиграми.

Најчесто се пакува во кесички чај и се користи така што се става меѓу непцата и слузокожата и се цица на начин, што дополнително ги засилува аромите како јагода, цреша, еукалиптус.
Цената на „снусот“ во Србија е околу 1000 динари за кесичка, односно околу 500 денари.

Што е „снус“?
Уште од 18 век, Швеѓаните го користат како влажен тутун. Предизвикува и зголемување на крвниот притисок, зголемен апетит, жолти заби, рак на усната шуплина, хранопроводот, панкреасот, дијабетес и други проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.