Провокациите од бугарска страна не престануваат! Најнова доаѓа преку најавеното отворање на т.н. бугарски културен клуб во градот симбол на антифашистичката борба – Куманово.
Досегашната пракса ја потвди исправноста на ставовите на Левица по однос на Бугарија. Источниот сосед ја користи Европската унија како алатка за уценување и барања на кои очигледно немаат крај. Додека пак, договорот за добрососедство за кој предупредувавме, максимално се користи за штета врз интересите на Републиката, велат од партијата.
– Отворањето на претходните т.н. бугарски клубови докажаа дека овие „културни“ установи се користат единствено за груба пропаганда во служба великобугарската завојувачка фантазија и истите беа проследени со провокативни, заканувачки и иредентистички пораки.
Од страна на Левица беа организираа протести во Битола и Охрид, како и во Скопје против т.н. „француски предлог“ за бугаризација на Македонија. Во меѓувреме, од страна на партијата беа поднесени и пријави до ОЈО за забрана на клубовите кои носат имиња на фашистички дејци и колаборатори.
Според првичните информации, бугарската страна ја менува тактиката, па за разлика од досегашната пракса на именување на клубовите по фашистички колаборатори од Втората светска војна, сега ќе се обратат кон пораната историја и клубот, најверојатно ќе биде именуван по заговарачите на големобугарската идеја.
Ваквиот чин, Левица не само што го оценува како провокација, туку сметаме дека истиот може да биде разбран како ново искажување на територијална претензија. Како и претоходно, остануваме на браникот на интересите на Републиката и доголку квислингшката власт дозволи отворање на ваков клуб, Левица повторно ќе повика на протести, овој пат во Куманово! – соопштија од Левица.