Белиот швајцарски овчар е елегантно, мускулесто и отмено снежно бело куче. Се верува дека потекнува од германскиот овчар со ген за бела боја на крзно што се сметало за дефект кај германскиот овчар.
Иако белите германски овчари се познати во Европа од 1882 година, во 1933 година стандардот на расата бил променет во нивната родна Германија, со што било забрането регистрација на бели кучиња.
Имено, кога Хитлер дошол на власт, нивното одгледување и чување било забрането, а објаснувањето било дека оваа раса го уништува традиционалниот германски овчар, бидејќи белата боја е дефект. Оваа драстична мерка довела до исчезнување на белиот овчар во Европа. Сепак, благодарение на љубителите во Америка, расата е зачувана до денес.
Кон крајот на 70-тите, овие кучиња се вратија во Европа преку Швајцарија. Тогаш расата беше призната во 1991 година од страна на Меѓународен кинолошки сојуз (ФЦИ), а денес е многу популарна.
Оваа раса се нарекува и Бергер Блан Свис, германски бел овчар, американски бел овчар, канадски бел овчар и едноставно бел овчар.