Во 18 основни и средни училишта во Скопје денеска повторно има дојави за поставени експлозивни направи.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и дека во тек се антитерористички проверки.
– Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа, информираа од МВР.
Пронајдете не на следниве мрежи: