Давид Бабунски „ТАНЦУВАШЕ“ за Македонија, Горан Пандев со наведната глава и со свирежи од публиката го напушти теренот

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада селекцијата на Бугарија на пријателскиот натпревар што се одигра на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.Славевме со 2-0, но резултатот за жал не ја говори реалната слика која гласеше на теренот.
Таа говори дека селекцијата на Бугарија имаше мошне големи шанси за прва да дојде во водство, но, Томе Пачовски на неколку пати се покажа на висина на својата задача и ги одржа шансите да дојдеме до победа на овој меч.
Бледо издание на Горан Пандев, кој со наведната глава и со по некој свиреж од трибините беше испратен во соблекувалните, откако одигра катастрофален натпревар за нашата селекција, а за гневот да биде поголем, ова се случува неколку денови откако ја доби наградата од можеби најпрестижниот фудбалски медиум во светот „Goal.com“ за најдобар играч во светот за тековната недела.
Мора да се потенцира дека Македонската фудбалска репрезентација имаше неколку изгледни прилики кои сепак не беа искористени, шанси кои не смееше да се пропуштат, сепак пропаднаа во вода.
Нема дилеми, профитиравме, се извадивме во 59-тата минута од мечот. Една одлука која не чинеше голема победа против незгодната селекција на Бугарија. Заменет беше можеби најслабиот поединец на овој натпревар, Горан Пандев, а на негово место во игра влезе младиот играч на Барселона „Б“, големата фудбалска надеж на Македонија, Давид Бабунски, и токму оваа промена внесе не само свежина туку и огромна креативност во играта на нашата селекција.
Нашиот најдобар фудбалер откако не добиваше употребливи топки по левата страна, беше прекомандуван во средината за да ја креира нашата игра и да помогне со своето искуство. Селекторот Јаневски со вистински рецепт, храброст и потег, дојде до вистинската хемија за победа против селекцијата на Бугарија.
И, тоа се случи, Ибраими и Бабунски царуваа во средниот ред, шанса по крилните позиции добија Александар Трајковски и Мирко Ивановски, и двајцата одиграа перфектна завршница на мечот. Како надополнение, мораме да издвоиме дека Јован Костовски, внесе исто така огромна свежина во нападот откако го замени Адис Јаховиќ, а Костовски покажа маестрална партија, играјќи на позицијата најистурен шпиц.
Последните 10 минути беа кобни за Бугарите, среќни за нас. Настанаа лавина од контра напади, тешко избежни и тешко одбранливи. Бабунски „кралуваше“ со својата позиција, на моменти си поигруваше со Бугарите, а како поддршка секако мора да се земе фактот дека го имаше исто така талентираниот Александар Трајковски кој само го потврди она што го поседува како фудбалски талент во себе.
83-тата минута настана огромна радост за четири илјадната публика, пенал за нашата селекција, сигурен реализатор Агим Ибраими, публиката со овации го проследи погодокот, а Ибраими беше поздравен за напорот што го вложи за да се дојде до овој мошне важен гол за нашата селекција.
По шест минути откако поведовме со 1-0, нова радост за нашата малубројна публика, младиот Трајковски стрелаше за 2-0 и ја потврди маестралната партија на мечот со Бугарија.
Голема победа против мошне квалитетна селекција која секако ќе ни донесе нов подобар рејтинг од сегашниов на ФИФА ранг листата.
Фото: sportal.bgСлавевме со 2-0, но резултатот за жал не ја говори реалната слика која гласеше на теренот.

Пронајдете не на следниве мрежи: