ХОРОР: Дневникот на ова мало девојче покажува измислен пријател и има МОРНИЧАВ КРАЈ!

Ликот на Лиса и нејзините сугестии изгледаат прилично тешко за било како поинаку да се протолкуваат. Погледнете, но бидете подготвени да се наежите.1. Ова е Лиса. Таа е мој пријател. Мама и тато не можат да ја видат, па ми рекоа дека таа е измислена. Лиса е добар пријател.

2. Денес се обидов да засадам цвет во дворот. Се обидов да го засадам покрај кутијата со песок, но Лиса ми рече дека тука спие нејзиниот татко, па затоа го засадив во саксија.

3. Лиса дојде со мене во школо. Ја повикав да ми прави друштво за да ја покажам на останатите, но учителката Монро се налути затоа што не можеше да ја види. Лиса се натажи, па го сокри сунѓерот.

4. Вчера ми беше роденден. Мама купи пица, но никој не дојде. Лиса рече дека луѓето дошле до тремот и дека тогаш си отишле, но дека оставиле подароци. Добив 3 барбики, патики и 5 долари. Јас и Лиса си игравме со барбиките.

5. Учителката Монро е отсутна денес. Ја заменува учителката Дигман. Таа е многу убава и добра и ни дозволува да грицнеме нешто по пишувањето на дневникот. Би сакала учителката Дигман да стане наша постојана учителка.

6. Вчера Лиса и јас бевме на долга прошетка сѐ додека не се виде месечината. Тато многу се налути и рече дека Лиса е глупава и лажна. Лиса се натажи и исчезна. Денес не дојде во школо, но учителката Дигман ни кажа дека учителката Монро повеќе нема да се врати.

7. Тато вчера цел ден беше на работа. Не си дојде ни на вечера. Денес и понатаму е на работа. Мама за денес ми спакува пудинг за ручек. Обожувам пудинг.

8. Ми недостига Лиса. Тато е многу зафатен на работа. Не си дојде дома за викенд. Мама му е лута. Ќе ѝ напишам писмо на Лиса.

9. Драга Лиса, ми недостигаш. Те молам врати се. Жал ми е што тато беше лош кон тебе. Ти си мојата најдобра другарка.

10. Вчера се врати Лиса. Ми рече дека ѝ е жал што си отишла и јас ѝ кажав дека тато веќе не се враќа дома. Лиса ми рече дека учителката Монро и тој спијат исто како и нејзиниот татко. Се надевам дека наскоро ќе се разбудат.1. Ова е Лиса. Таа е мој пријател. Мама и тато не можат да ја видат, па ми рекоа дека таа е измислена. Лиса е добар пријател.

Пронајдете не на следниве мрежи: