Една година од рускиот напад на Украина, Зеленски најавува година на победа

На 24 февруари 2022 година, односно пред една година Русија изврши ракетни напади во Украина. Украинскиот лидер Володимир Зеленски прогласи воена состојба и ги прекина дипломатските односи на Киев со Москва како одговор на руската инвазија.

Зеленски, на годишнината од почетокот на војната во Украина објави дека оваа ќе биде година на победа на Украина.
Зеленски напиша на социјални мрежи дека на 24 февруари милиони Украинци направија избор и избраа отпор и борба.
„24-ти во февруари, милиони од нас направија избор. Не бело знаме, туку сино-жолто знаме. Не бегање, туку соочување со непријателот. Отпор и борба“, напиша Зеленски.

Според него, претходната година беше година на болка, тага, верба и единство.
„И ова е година на нашата непобедливост. Знаеме дека ова ќе биде година на нашата победа!“, напиша претседателот на Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.