Малку ги утнале бројките: Анкета со различни броеви не може да биде релевантна туку обид за манипулација на граѓаните кога Мицкоски доживува пораз

Некој се збунил, или заборавил да ги “испегла” грешките во најновата “анкета” објавена денеска од МКД.мк а спроведена од агенцијата Маркет вижн.

Ова го забележувата и од СДСМ:

– Анкетата којашто денеска беше објавена има различни бројки. На почеток се тврди дека се анкетирани 1.200 граѓани, а на крај дека биле 1.067, реагира СДСМ за последната анкета која покажува предност на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

-Анкета со различни броеви не може да биде релевантна туку обид за манипулација на граѓаните.

Останува фактот дека вакви анкети излегуваат секогаш кога Христијан Мицкоски ќе доживее пораз на политичката сцена во земјава, кога ќе излезе спротивно од она што го говори или кога треба да се покрие некаков скандал со раце во медот.

Нарачани анкети имаше и пред изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа кога се тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност за на крај Мицкоски да доживее пораз, се вели во реакцијата на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.