Утринава повторно дојави за бомби

Основни и средни училишта во Скопје се евакуираат откако утринава добиле дојава за поставени бомби.

Се уште не е познато на колку училишта им се испратени вакви закани.

Дојави за бомби вчера имаше во 23 средни и 22 основни училишта во Скопје. По спроведените проверки, МВР информираше дека сите дојави се лажни.
Закани за поставени бомби училиштата добиваат веќе четири месеци, а по антитерористички проверки се покажа дека дојавите се лажни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.