„Ако пекарите не работат, а невестите не знаат, има евтини машинчиња, ем месат ем печат“ – социјалните мрежи се полни со коментари за состојбата со недостигот од леб во продавниците.
- „Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци“, велат од СДСМ
- Пентагон: Над 750 американски војници ранети во операциите против Иран
- Денеска температурата до 40 степени, од недела се очекува постепено опаѓање и дожд
- „Август е проклет месец“: Путин под притисок од украински напади, пожари и економски проблеми
- Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на ДЗС од воздух и пожарникари од терен
На овој простор освен негодување од однесувањето на пекарите, се шират и рецепти за домашна подготовка на леб од сите видови брашно, како и модели и цени на пекачи.

Можеби навистина граѓаните ќе ги сменат навиките, па вруќиот леб наместо да го купуваат од фурна, ќе го вадат од рерната во својот дом. Зашто, утрово Македонија остана без бел и полубел леб, кој требаше да е со замрзната цена.
Пекарите не извршија испорака, односно ја реализираа заканата искажана во контекст на владината мерка. Некои специјализирани продавници се и сосема празни, нема никакви видови печива.
Продавачите, пак, во маркетите, уште вчера им сугерираа на купувачите во корпите да стават и леб. За секој случај. Иако, оние поскапите видови од најосновната намирница, се уште ги има на рафтовите.
Во „Службен весник“ број 44, со вчерашен датум, веќе се објавени владините одлуки – за определување највисока цена на одделни производи и за запирање на субвенционирањето на цената на струјата за прехранбениот сектор.
Ова беше сигналот кој го чекаа компаниите од пекарската индустрија. Како ќе постапуваат понатаму, допрва ќе се види. Засега, очигледен е револтот што го предизвикаа кај граѓаните, кои немаат разбирање за нивното однесување. Оттаму и апелот, и Владата да го исполни ветеното – да ја активира Пазарната инспекција.
ИЗВОР: ПАРИ.МК
Пронајдете не на следниве мрежи:



