Коњ влечен за автомобил во Скопје, граѓаните револтирани: Страшно, жално, бездушни

Коњ бил влечен за возило во Скопје. Од снимката се гледа како животното паѓа откако автомобилот за кој е врзан вози брзо за да не направи гужва во сообраќајот.

За момент, коњот паѓа, по што возилото застанува, а од него излегуваат тројца луѓе за да го кренат, по што продолжуваат да го влечат.

„Најверојатно го учеа да дрифта“, пишува објавувачот на снимката.

Во меѓувреме се уапсени трите лица што го починија овој гнасен чин денеска ⬇⬇⬇

Случајот предизвика лавина реакции и во јавноста.
„Не ни се излегува од дома веќе, кај и да тргнеш повредено куче, згазено, скапано на улица муво го јадат. Одиш по пат, кутриња еден куп трчаат гладни, мислат дека некој нешто ќе им даде (за возврат добиваат куршум нели ние сме див Запад), коњи заврзани за коли се влечат по улица, грозна е сликата да излезеш и прошеташ“, се вели во еден од коментарите.
„Страшно, жално, бездушни“, пишува во друг коментар под снимката.

Објавувачот посочува дека случајот е пријавен и во полиција.
„Се надевам дека ќе ги пронајдат“, пишува тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.