4 производители на леб казнети со по 300.000 денари поради непочитување на ОДЛУКАТА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНАТА

Државниот пазарен инспекторат(ДПИ) денеска казнил три фирми од Скопје и една од Куманово поради продажба на леб по цена поскапа од 33 денари, изјави  за медиумите Александра Котели од инспекторатот. Таа рече дека контроли биле извршен на 30 локации во секој град во државата. Вчера биле направени 190 контроли, а денес 234 проверки на територијата на цела држава. 

ДПИ БИЛЕ РЕВНОСНИ:

„Во секој град се направени по 30 контроли и утврдено е дека во четири правни субјекти има непочитување на одлуката. Имаше апели таа да се почитува затоа што станува збор за производ кој е основна потреба на сите“,
додава Котели.
4 производители на леб казнети со по 300.000 денари поради непочитување на ОДЛУКАТА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНАТА

Направени се записници и изречени се парични казни од над 300.000 денари. Казните се многу високи, согласно законот за трговија, па и законот за заштита на потрошувачите, се движат од 500 до 10.000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра за одговорното лице – изјави Котели.

ДПИ исто така информираа дека и понатаму ќе продолжат да вршат контроли кои се однесуваат на почитување на замрзнатата цена на лебот донесена со Одлуката на Владата. Исто така, велат оттаму, потребно е сите да ги почитуваме Одлуките на Владата, бидејќи примарна цел е сузбивање на профитерството во време на криза и залагање за солидарност, односно да се има разбирање и да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.