Викендов сите дома: ДОЖД И ГРМЕЖИ ВО СКОПЈЕ ОВИЕ МОМЕНТИ – еве какво време не очекува деновиве

Март наместо со сонце, ни започна со дожд. Во овие моменти во главниот град врне дожд, но и се слушаат електрични празнења.

Според УХМР вакво време не очекува и во наредните денови, а стабилизирање на времето ќе имаме дури од понеделник.

Времето утре ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд.
Во сабота времето ќе биде Облачно, почувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се проширта насекаде. На највисоките планини ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од североисточен, а во источните од југоисточен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови со повремена значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.