Средба на министерот Шаќири со неговиот нов заменик, Агим Нухиу

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со неговиот нов заменик, Агим Нухиу, на која, како што соопшти МОН, истакнале дека образовниот систем е во процес на темелни реформи и може успешно да се реализира само со залагање на сите чинители.

-Предизвиците се бројни, но заедничкиот ангажман води кон постигнување поквалитетно образование, што е наш приоритет, рече Шаќири.

Министерот Шаќири и заменикот Нухиу се согласиле дека модернизирањето на воспитно-образовниот систем во согласност со европските трендови нема алтернатива, затоа што градењето човечки ресурси подготвени за предизвиците на 21 век е основниот фактор за напредок на општеството.

-Заменик-министерот Нухиу нагласи дека се вклучува во создавањето систем на образование кој ќе им овозможи на децата и младите да стекнат знаења, способности и вештини што ќе им обезбедат успешна иднина ним и на општеството во целина, информира Министерство за образование и наука.

Пронајдете не на следниве мрежи: