Земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, доцна синоќа, 09.03.2023 година, регистрираше земјотрес на 125 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола-Лерин.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 21 часот и 59 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.3 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.