Во сабота 11 март, во Швајцарија бил организиран собир помеѓу нашинците кои се таму на печалба заедно да се дружат и да се провеселат со македонска музика.
Од она што пренесоа некои медиуми, во текот на собирот настанал вистински хаос, при што дел од присутните, жени, мајки и деца започнале да бегаат.
Од друга страна пак, се слуша и како музиката, наместо да пеат песни, преку микрофонот порачуваат: „Дечки ајде смирете се“.
И покрај апелите ситуацијата да се смири, дел од оние кои веќе ја започнале тепачката не сакаат да се смират и истата продолжува.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.