Бујар Османи бил цел на обид за атентат во Молдавија минатиот месец?

Според пишувањето на медиумот „Реалитатеа“, бил испланиран напад врз Мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требало да се случи пред еден месец, на 14 февруари, кога претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи бил во посета на овој регион.

„Мaкедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи бил цел на напад за време на посетата на Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ, јавуваат молдавските медиуми“, објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Бујар Османи бил цел на обид за атентат во Молдавија минатиот месец?

Според пишувањето на медиумот „Реалитатеа“, бил испланиран напад врз Мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требало да се случи пред еден месец, на 14 февруари, кога претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи бил во посета на овој регион.

Oфицијален Тираспол, кој е главен град на Транснистрија – регион отцепен од Молдавија, ја обвинил Службата за безбедност на Украина дека го испланирала нападот. Како што пишува овој информативен портал, било предвидено нападот да се изврши со автомобил, во кој бил поставен експлозив. Според тврдењето на надлежните, автомобилот требало да биде паркиран во близина на замокот Бендер.

Како што пишува во текстот на „Реалитатеа“, по спречувањето на оваа намера кај Бендер, делегацијата на Османи, која броела околу 20 луѓе, требало да биде нападната на патот за градот Кишинев, но тогаш сторителот се откажал од идејата да нападне за да не го изложи во опасност сопствениот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.