Денес се празнува Светиот свештеномаченик Теодот

Епископ Киринејски, на островот Кипар. Заради неговата мудрост и доблеста го избраа за епископ, а тој со љубов и ревност управуваше со Црквата Божја. Кога настана гонење на христијаните, во времето на нечестивиот цар Ликиниј, овој Божји човек беше изведен на суд и подложен на маки.

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Теодот

Кога мачителот Савин го советуваше да се одрече од Христа и да им се поклони на незнабожечките идоли, Теодот му одговори: „Да би ја знаел ти добрината на мојот Бог, на Кого се надевам дека заради овие краткотрајни маки ќе ме удостои со вечен живот, и самиот би посакал да пострадаш за Него вака како јас“.

Му удираа клинци во телото, а тој Му се молеше на Бога со благодарност; па мислејќи дека крајот му е близу, ги советуваше и ги поучуваше христијаните што беа околу него. Но, по Божја Промисла, царот Константин во тоа време објави слобода за христијаните и нареди да бидат пуштени сите што се под суд заради Христа.

Тогаш го ослободија и овој светител и така изнамачен се врати на епископската столица во Киринија и поживеа уште две години. Потоа се упокои во Господ, Кому верно Му служеше и за Кого многу пострада. Земниот живот го заврши и замина во дворците Господови во 302 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.