Секое парче пица што ќе го изедете може да ви го скрати животниот век за 8 минути, но помфритот ќе ви купи повеќе време, покажува ново истражување. Експертите од Универзитетот во Мичиген пресметаа колку најпознатата храна влијае врз животниот век. Тие го тестираа нивниот јаглероден отпечаток и влијанието врз исхраната. Победникот во продолжувањето на животот е сендвич со путер од кикиритки и мармалад кој додава над 30 минути на вашиот животен век.
Хот-догот го скратува животот за 36 минути
За жал, пицата, сланината и хамбургерот ќе ви го скратат животниот век. Истражувањето, објавено во списанието „Нејчр фуд“, се базира на очекуваниот животен век. Научниците искористиле речиси 6.000 случаи за да го одредат директното влијание на оброците, грицките и пијалаците.
- На пример, откривме дека во просек се губат 0,45 минути живот по грам од обработено месо што го јаде едно лице во САД. 61 грам преработено месо во виршла го скратува животот за 27 минути само поради количината на обработено месо – напишаа авторите на истражувањето. Тие потоа ги разгледале и ризик-факторите, како што се натриумот и трансмасните киселини во хот-догот, и придобивките, како што се полинезаситените масти и влакна, и дојдоа до конечна вредност од 36 минути загубен живот од еден хот-дог.
Од друга страна, сендвич со путер од кикиритки и џем му дава на човекот повеќе од половина час дополнителен живот. Универзитетот се надева дека резултатите ќе ги охрабрат луѓето да донесуваат подобри одлуки за себе – како и за животната средина.
- Итно треба да се направат промени во исхраната за подобрување на здравјето на луѓето и животната средина. Нашите наоди покажуваат дека малите замени нудат остварлива и моќна стратегија за постигнување значителни здравствени и еколошки придобивки без потреба од драматични промени во исхраната – изјави професор Оливие Џолиет, автор на истражувањето.
Безалкохолните пијалаци, двојните чизбургери, пицата и сланината ви го скратуваат животниот век, но виршлите се најголемиот непријател.
Каква храна треба да јадете?
Индексот за здравствена исхрана ги зема предвид сите аспекти на животниот циклус на храната, вклучувајќи го и начинот на нејзино производство, собирање, преработка, консумирање и отстранување, како и колку е калорична и нутритивно корисна или штетна. Истражувачите сега ѝ дадоа оцена на секоја храна, па можеме да одлучиме дали треба да ја консумираме повеќе или помалку. Лососот доби „зелено светло“ поради неговото влијание врз животниот век, бидејќи додава 16 минути, но има негативно влијание врз животната средина. Додека, на пример, „кока-колата“ е лоша за животниот век, но добра за животната средина.
- Претходните истражувања честопати ги сведуваа нивните наоди на дискусија за растителна храна, а не храна од животинско потекло. Иако веруваме дека растителната храна генерално има подобро влијание врз животот, постојат значителни разлики во групите на растителна и животинска храна – вели Катерина Стилијану, водечка авторка на истражувањето.
Некои наоди од истражувањето покажуваат дека покрај јаткастите плодови и семките, сендвичот со путер од кикиритки и желе додава повеќе од 30 минути во вашиот живот, проследено со печен лосос (13,5 минути) и банани (13,5 минути). Животниот век се продолжува со домати (3,8 минути) и авокадо (2,8 минути), но и помфрит (само за 1,5 минута).
Кога се одлучувате за брза храна, можеби е најдобро да изберете помфрит.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.