Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје, пречекани од вицепремиерот Маричиќ

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји вечерва пристигнаа во Скопје, а на скопскиот аеродром ги пречека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Имав чест да посакам добредојде на големите пријатели на Северна Македонија, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Политичка поддршка која државите од Западен Балкан ја имаме треба да ја искористиме и да ги загарантираме стабилноста, мирот и европската перспектива на регионот, напиша Маричиќ на Фејсбук.

На утрешната седница на Советот за стабилизација и асоцијација, посочува Маричиќ во објавата, ќе имаме можност да разговараме за статусот на реформите, напредокот во евроинтеграциите и за билатералните односи во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

-Им посакувам успешен престој и со убави вести за регионот да заминат од нашата држава, која е пример за надминување на спорови по мирен и дипломатски пат, вели Маричиќ. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.