Проруска македонска организација испраќала дојави за бомби до училишта во Бугарија

Проруска македонска националистичка организација испратила мејл со закани за бомби до училишта во Стара Загора, Бугарија, објави агенцијата „БГНЕС“.

Како што се појаснува, ова може да се види од мејлот кој пристигнал до директорката на училиштето.

-Ние сме организација на македонски националисти. Доста ни е од Бугарија и нејзината политика. Сите училишта во Стара Загора ќе бидат разнесени од нашите бомби. Сите ваши деца ќе загинат. Слава на Македонија. За Русија, стои во содржината на заканувачката порака.
Бугарското општество повторно се соочува со голем број закани за бомби, особено во тамошните училишта. Од понеделникот неколку училишта во Софија добиле заканувачки пораки. Нивниот број не е наведен. После проверките, сите биле утврдени како лажни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.