ЛЕ: Фенер-Бенфика, Базел-Челзи

Првите полуфинални натпревари во фудбалската Лига Европа, во Истанбул и Базел ќе се одиграат во четврток со почеток во 21:05 часот.Фенербахче во првиот натпревар ќе и биде домаќин на Бенфика, екипа која сезонава во Лига Европа нема забележано пораз. Фенербахче од друга страна се обидува да стигне до своето прво финале во европските купови. Тренерите Коџоман и Жесус немаат никакви проблеми со повредени и суспендирани играчи.Базел е најпријатното изненадување оваа сезона во Лига Европа, швајцарскиот тим во претходното коло го елиминира Тотенхем по изведувањето на пенали. Челзи од друга страна ќе се обиде со евентуалниот триумф во ова натпреварување да ја спаси сезоната, откако испадна од трката за сите останати трофеи.Челзи е комплетен за овој меч, во тимот се враќаат Ешли Кол и Гери Кејхил, додека Базел ќе биде без повредениот Филип Деген.
МакфаксПрвите полуфинални натпревари во фудбалската Лига Европа, во Истанбул и Базел ќе се одиграат во четврток со почеток во

Пронајдете не на следниве мрежи: