Членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил, на Фејсбук го прашува Христијан Мицкоски зошто се обидува да ја дискредитира Левица и да ја блокира работата на јавните претпријатија во Градот Скопје.
-Замислете, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски, си наместил “прашање” од “новинари” на кое, во обид да ја дискредитира Левица, го открива следниов “голем” скандал:
Советниците на Левица во градскоро Собрание заедно со сите други освен оние од ДПМНЕ, изгласале, цитирам, “програми за работа на јавни претпријатија и институции на Градот”?!
Господине Мицковски, што барате вие тука?! Само што самиот откривте дека немате никаква друга цел во градот освен блокада.
Ама тоа е, требало новинариве да го прашат:
– Зошто господине Мицковски не гласавте за програмите, каква конкретна забелешка имате? Или пак, зошто со истата тактика вашите советници во градот не дозволија поставување на мерна станица во Усје?! Или пак зошто исто така блокираа донација (?!) ДОНАЦИЈА ЕЈ, на 100 половни лаптопи на Библиотекана, и пак ги оставија вработените на лист да водат пописи оти немаат копмјутери.
Господине Мицковски, очигледно местото не ви е тука. – напиша Исмаил на Фејсбук.
Пронајдете не на следниве мрежи: