Измама во Тетово: Ја продала куќата во замена за стан и пари, а не добила ништо!

На 02.04.2023 во 15:15 часот во СВР Тетово повикан е В.А.(37) од тетовска Стримница, кој претходно бил пријавен од 50-годишна тетовка дека кон крајот на минатата година, со закани, изнудил таа да ја продаде сопствената куќа, наводно во замена за стан во Тетово и пари.

Но, според пријавеното, ниту добила стан, ниту пари, иако потпишала купопродажен договор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.