понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Весна Кираџиева: „Спортистите не ги сметаат баш за интелигентни личности“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Билдери, гимнастичари, маратонци и фитнес инструктори во спортското издание на „Нешто конкретно“. Нашите гости Мирко Петровски, Цветанка Огненовска Аврамовски, Весна Кираџиева и Зоран Лазаревски Паљото ќе ви откријат кои мускули највеќе ги вежбаат жените во теретана, дали мажите повеќе се фотографираат отколку што вежбаат и каде започнал бодибилдингот во Македонија.

Дали претпоставувате колку јајца има изедено Мирко во последните дваесетина години? Како Зоран го добил прекарот „Паљо“ и зошто не беше одбран за градоначалник на Битола, дознајте во изданието што веќе е достапно на YouTube.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Весна Кираџиева изјави дека спортистите не ги сметаат за баш интелигентни на што останатите нејзини соговорници не се согласија.

Како дојдовме до тоа да мажите сакаат да се сликаат и да се разголуваат повеќе од жените, да се сите навежбани и да имаат стомачни мускули. Разговараме за тоа што го поттикна мажот толку да се грижи за својот физички изглед.

Слушнавме и што мислат жените за муабетот „теретаната е машка работа“. На крајот скопјанецот и битолчанецот ги одмерија силите со буткање на рака.

Гледајте „Нешто конкретно“ со Снеже Велков секоја недела во 17.00 часот на Телма.

Поврзани вести