Провокациите од мал дел на публиката направија вистински хаос по крајот на одбојкарскиот дуел во Велес, помеѓу екипите на Борец и тетовска Шкендија.

Гостинските играчи почнаа да се тепаат со домашните навивачи, иако во салата едвај и да имало гледачи.
Фановите и одбојкарите на Шкендија се гаѓаа со столчиња, шишиња и други тврди предмети.
Шкендија објави соопштение на социјалните мрежи со кое извести дека одбојкарите и членови на стручниот штаб давале исказ во полиција.



