Петочлена комисија од еминентни професори од Катедрата на анестезија на Медицинскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во 2014 година двапати се повлекла и одбила да му ја нострифицира специјализацијата од Косово на „ТикТок анестезиологот“ д-р Ваљтон Дервиши, осoмничен за несовесно работење во службата и неовластено снимање.
Специјализацијата на ТИКТОК АНЕСТЕЗИОЛОГОТ ја потпишал во 2015 од тогашниот министер Никола Тодоров

Откако не добила документи, комисијата не донела одлука за нострификација, по што се повлекла, меѓу другото и поради политички притисоци од партиски моќници.
НАЈПОПУЛАРНИОТ ТИКТОКЕР МЕЃУ АНЕСТЕЗИОЛОЗИТЕ е во притвор и се соочува со можност Лекарската комора да му ја одземе лиценцата за работа на најдолго седум години, но претходно му е дадена еднонеделна можност да се брани од обвинението
Пронајдете не на следниве мрежи:


