Дали македонскиот државјанин на возраст од 49- години кој беше брутално убиен вчера во Сончев Брег во Бугарија од страна на 14-годишно момче со остар колец, всушност сакал да го силува? Ваква верзија објави бугарскиот сајт Флагман.
Македонскиот државјанин кој беше убиен е 50-годишниот Игор Николовски кој живеел во Бугарија со години. Бруталното злосторство се случило вчера, откако 14- годишниот Михаил кој живеел со семејството во Сончев брег го убил Николовски со дрвен колец. Откако му ги задал фаталните удари во главата, малолетникот го однел безживотното тело на Николовски во шума во близина на ресторанот Бачвата и го затрупал со дрвени даски. Но полицијата брзо го нашла и телото и сторителот.
Според информации од познаници на семејството на малолетникот, кои ги пренесува Флагман, убиството се случило откако повозрасниот маж му давал знаци за интимен контакт на малолетникот. Двајцата се запознале во Сончев брег после што македонскиот државјанин му понудил на 14-годишникот да го почасти.
„За време на средбата му понудил да одат на поинтимно место да имаат секс. Малолетникот се налутил, зел дрвен колец и почнал да го удира по главата. Неколку удари биле доволни за да го убие“, пишува Флагман за една од верзиите од настанот на кои се работи.
Полицијата нема потврдено дека ова се вистинските мотиви за убиството. Тие работат на сите верзии, вклучително и грабеж. Михаил бил проблематичен и имал криминално досие. Ако биде осуден му се заканува затворска казна од 5 години поради тоа што е малолетен.
Од МВР на Бугарија за „Слободен печат“ велат дека тинејџерот е задржан за убиството, откако вчера во 11 часот и 14 минути добиена е пријава за откриено тело во Сончев брег-Запад. Полицијата на Бургас и Несебар утврдила дека телото е на македонски државјанин кој влегол во Бугарија пред еден месец.
„По извршени бројни оперативни и процесно истражни дејствија, сослушување, одземање видео снимки од безбедносните камери на широк периметар и друго, утврдено е дека извршител на убиството е 14-годишник од Несебар. Тој е задржан во притвор. Причините за делото се во постапка на расчистување и работата на случајот продолжува“, велат оттаму.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.