Украдена уште една биста, овој пат ЦВЕТАН ДИМОВ во Градскиот парк

Утрово 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неодамна слична кражба се случи во Алејата на поетите во Струга, од каде беше украдена бистата на Славко Јаневски, претходно имаше вандализам врз споменик на Невена Георгиева-Дуња и неколку неуспешни обиви да кражба на други бисти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.