Денеска се празнува Преподобен Јован Ветхопештерник

Се подвизуваше во т.н. Ветха (т.е. стара) Пештера или Лавра, на свети Харитон Велики во Палестина. Бидејќи со сето срце, со сиот ум, со целата своја душа Го возљуби Христа, од младоста почна да патува по светите места и да ги слуша поуките и советите на светите луѓе.

Најпосле се насели во Харитоновата пештера, каде што се предаде на строг подвиг минувајќи ги деновите и годините во пост, молитва и бдеење, непрестајно размислувајќи за смртта и учејќи се на смирение. Смртта го најде како добро созреан плод и го пресели во Рајот. Поживеа и се упокои во 8 век.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.