Во црквата „Св. Спас“ почна одбележувањето на 120 години од смртта на Гоце Делчев

Со панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во Скопје почна одбележувањето на 120 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

Во црквата „Св. Спас“ пристигнаа претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и бројни други делегации.

За разлика од 4-ти февруари годинава, кога на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев пристигна официјална делегација од Софија, сега такво нешто не е најавено. На прес-конференција во Софија, на 27 април годинава, в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, рече дека не е постигнат договор со Република Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години.
Поради одбележувањето на 120-годишнината од смртта на Годе Делчев, од вчера во Скопје е воведен посебен сообраќан режим.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.