ГОРЕШЕ ЛОКОМОТИВА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА КАЈ ВЕЛЕС

Се запали воз на отворена пруга пред Велес, дознава КУРИР. Несреќата се случила пред железничката станица Рајко Жинзифов.

Според првичните информации е дека се работи за електрична локолмотива, пожарот е изгаснат, а за среќа нема повредени.
Се прави увид и проценки за оштетеност на пругата, а локомотивата е целосно изгорена.

Од Македонски железници добиено е известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица Рајко Жинзифов и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните. Поради непристапноста за гаснење на локомотивата со ПП возило истата се гаснела со апарати. Пожарот се уште не е целосно саниран, но според известувањето од МЖ истото е при крај.
Се очекува комисија од МЖ да излезат и да извршат увид на лице место, а железничкиот сообраќај е во прекин.
И според известувањето од МЖ, за околу половина час би требало да се заврши увидот, по што би се регулирал сообраќајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.