„Microsoft“ им ги замрзна платите на вработените

Една од најголемите технолошки компании во светот, „Microsoft“, донесе одлука да ги замрзне платите на сите вработени со полно работно време како дел од мерките за штедење.

Како што пренесува „Bloomberg“, во писмото на извршниот директор Сатја Надела до вработените е наведено дека ваквиот потег бил неопходен за да се генерираат доволно пари за инвестирање во развојот на вештачката интелигенција.
Сепак, компанијата ќе го разгледа зголемувањето на платите на вработените кои работат по саатница.
„Microsoft“ веќе ги зголеми платите во 2022 година.

Технолошките компании во претходниот период спроведоа или најавија масовни отпуштања поради благиот раст на побарувачката и зголемените финансиски трошоци, подготвувајќи се за потенцијална рецесија.
Минатиот месец „Microsoft“ пријави квартален профит поголем од очекуваното, а најавуваат и големи инвестиции во вештачката интелигенција. Тоа вклучува нова инвестиција од 10 милијарди долари во „Open AI“, компанијата која го разви „ChatGPT“, како и во четбот интернет пребарувачот на „Bing“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.