СКОПЈЕ: ПРЕГАЗЕНА 78-годишна жена

МВР информира дека вчера во 12.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(25) од с. Глумово, Скопско, удрило во М.Н.(78) од Скопје.

По несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар била констатирана смрт.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.