Демографска катастрофа на Украина: Населението преполовено во споредба со 1991 година

Во Украина денеска живеат само 29 милиони луѓе, што е значително помалку од 52 милиони што ги имаше во 1991 година кога прогласи независност, објави украинскиот научен центар Институт за иднината (УИФ) и оцени дека демографските трендови предизвикуваат загриженост за опстанокор на земјата, пренесува РТ Балкан.

Повеќе од половина од 20,7 милиони Украинци кои ја напуштиле земјата во февруари 2022 година се чини дека се вратиле, но остануваат 8,6 милиони кои се чинуи дека трајно ја напуштиле Украина, велат од УИФ.

Од тие што останале, само девет милиони се продуктивни, од кои само шест милиони работат во приватниот сектор, а останатите се на државниот буџет, се посочува во извештајот.

„Земајќи го предвид падот на наталитетот, Украина за само неколку години ќе има двојно повеќе пензионери од вработени граѓани,“ објави УИФ, предупредувајќи дека „нема да има кој да создава БДП ако нешто не се промени“.

Институтот не ги зема предвид жртвите од руско-украинскиот конфликт, кои обично доаѓаат од работоспособна машка популација. Покрај тоа, нивните демографски податоци го вклучуваат и населението на Крим, како и четирите региони кои ѝ се придружија на Русија минатата есен.

Минатиот месец, руската гранична стража објави дека од февруари 2022 година, повеќе од 3,5 милиони украински граѓани преминале во Русија, не сметајќи го населението во регионите Керсон и Запорожје и во Доњецк и Луганск.

Населението на Украина веќе се намали на 45,5 милиони до 2013 година, кога почнаа протестите на Мајдан. Следната година, државниот удар поддржан од САД ги донесе националистите на власт во Киев и ги предизвика обединување на Крим со Русија и конфликтот во Донбас.

Во најновиот извештај, УИФ ја повикува владата на претседателот Зеленски итно да ѝ даде приоритет на демографијата за да се реши прашањето за зачувување на Украина како држава.

Во документот се критикува секоја влада во Киев од 1991 година и се наведува дека тие ја третираат државата како инструмент за лично збогатување.

Според УИФ, украинското општество „останува незрело, инфантилно и склоно кон патернализам“ во систем каде што владејачката бирократија ги контролира сите ресурси, ги третира компаниите како „крави за молзење“ и не размислува за општото добро или да им служи на граѓаните.

„Корупцијата е главниот елемент и лост во управувањето. Дејствата на политичарите и функционерите се подредени на една цел – да ја задржат власта“, се наведува во извештајот.

Од една од индустриски најразвиените советски републики, додава УИФ, Украина се претвори во извор на суровини и објект на меѓународната политика, каде „другите актери го одредуваат нашиот пат“.

Иако инсистираат дека не се страна во конфликтот на Киев со Москва, САД и нивните сојузници изминатата година ветија повеќе од 100 милијарди долари оружје, муниција и опрема за украинската војска како и десетици милијарди помош во готовина за владата на Зеленски да исплаќа државни плати и пензии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.