Лионел Меси, поради повреда не го започна четвртфиналниот реванш против Пари Сен Жермен, но ги одигра последните половина час од натпреварот со што и помогна на Барселона да се пласира во полуфиналето.Сепак и покрај добриот резултат, Барселона би можела да добие и лоши вести, бидејќи се чини дека Аргентинецот се здобил со нова повреда.Меси во последните десет минути од дуелот беше премногу резервиран, поради тоа во четврток ќе му бидат извршени нови медицински тестови, кои треба да покажат дали тој ја обновил повредата.Полуфиналните натпревари во Лигата на шампиони се закажани за две недели, а во петок во Нион ќе бидат извлечени двојките за оваа фаза во ЛШ.
Mакфакс Лионел Меси, поради повреда не го започна четвртфиналниот реванш против Пари Сен Жермен, но ги одигра последните