Болна одлука: Пар се откажал од посвојување на дете бидејќи не смееле да го објавуваат на интернет

Дека интернетот навистина никогаш не заборава е доказ и случајот поврзан со Јутјуберката Ники Филипи која има над 1 милион претплатници на Јутјуб.

Имено, таа пред неколку години снимила видео во кое заедно со сопругот Ден открила дека се откажале од посвојување на дете од Тајланд бидејќи според тамошните закони, неговите фотографии и видеа не смеат да се објавуваат на социјалните мрежи една година.
„Бевме шокирани. Не смееме да зборуваме за своето дете, да го објавуваме, да објавуваме фотографии и видеа од него…“, објаснила Ники.

„А знаете дека Ники има Јутјуб канал на кој споделува многу“, додал нејзиниот сопруг.
Меѓутоа, на ТикТок периодов се појави исечок од тоа видео кое е снимено пред 5 години, во кое парот објаснува зошто не сака да посвои дете од Тајланд и луѓето се згрозени.

„Ова е страшно, доказ дека одлуката за забрана за објавување деца на социјалните мрежи односно на интернет, сепак била одлична идеја“, „Неверојатно е како зборуваат за детето. Како да е нешто што може да се купи во локален маркет“, „Недостатокот од здрав разум во ова видео е застрашувачки“, се дел од коментарите на луѓето под видеото кои останале шокирани од ваквата одлука на Јутјуберката.


Како што објаснил креаторот на ТикТок профилот наречен „the_internet_is_foreverr“, со своите објави настојува да го сврти вниманието и да разбуди загриженост кај јавноста поради денешната инфлуенсерска култура и фактот дека многу родители всушност ги користат сопствените деца исклучиво како извор на приходи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.