Борусија и Реал полуфиналисти во ЛШ

Борусија Дортмунд и Реал Мадрид се првите полуфиналисти во Лигата на шампиони, откако во четвртфиналните пресметки ги елиминира Малага односно Галатасарај.

Борусија со неверојатен пресврт успеа да ја совлада Малага, со головите на Ројс во 91-та и Сантана во 93-та минута. Претходно Хоакин во 25-та минута им донесе предност на Шпанците, а до крајот на полувремето израмни Левендовски. Нова предност, која сепак се покажа како недоволна на Малага и донесе Елисеу во 82-та минута. Галатасарај со победата над Реал од 3:2 се прости од европската сцена. Кристијано Роналдо уште во осмата минута им ги одзеде сите надежи на Турците дека можат да приредат некаква сензација. Галаасарај во вторто полувреме го ‘притисна’ противникот и во периодот од 58-та до 71-та минута постигна три гола преку Ебуе, Снајдер и Дргоба. Напаѓачот на Галатасарај Дрогба против Реал постигна еден од најубавите голови во историјата на Лигата на шампиони, тој со пета го совлада Диего Лопез. Конечниот резултат го постави Роналдо со својот втор гол во 93-та минута.
Макфакс
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид се првите полуфиналисти во Лигата на шампиони, откако во четвр

Пронајдете не на следниве мрежи: