САД се „многу блиску“ до нуклеарна војна со Русија, најопасниот период во историјата на земјата, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.

- Сега е најопасното време во историјата на нашата земја. Можеби сте многу блиску до нуклеарна војна со Русија – изјави политичарот.
Трамп зборуваше во контекст на ситуацијата со нуклеарното оружје во Северна Кореја. Тој посочи дека ако Барак Обама остане на власт во САД, или Хилари Клинтон стане претседател, тогаш ќе започне „нуклеарна војна со Северна Кореја“.
Во обраќањето до членовите на неговата партија во државата Џорџија на 11 јуни, Трамп рече дека само тој може да ја спречи Третата светска војна, за која верува дека ќе биде нуклеарна.
Пронајдете не на следниве мрежи:


