БУНТОТ ЌЕ БЕШЕ ЗАДУШЕН, БЕВМЕ ПОДГОТВЕНИ! Путин проговори за обидот за воен удар од „Вагнер“

Бунтот во секој случај ќе беше беше потиснат зашто сите неопходни одлуки за неутрализирање на заканата беа донесени уште во самиот почеток. Организаторите сфатија дека нивните постапки се криминални. Огромното мнозинство од групата „Вагнер“ се патриоти на Русија, со враќањето назад тие избегнаа понатамошно крвопролевање – рече рускиот претседател Владимир Путин во вечерашното видеообраќање до нацијата на државната телевизија.

Путин им порача на Русите дека оние што го организираа бунтот сакале Русија да изгуби, „а нашето општество да се удави во крв, но тие погрешно проценија“.

Тој им се заблагодари на сите безбедносни служби „што ѝ останаа лојални на својата заклетва“, како и на пилотите што загинаа. Тој додаде дека биле преземени чекори за да се избегне големо крвопролевање.

Путин им се заблагодари на командантите и војниците на „Вагнер“ што избегнале крвопролевање и рече дека им ветува на оние од Вагнер што сакаат да одат во Белорусија дека тој ќе го одржи своето ветување.

– Им благодарам на војниците и командантите на „Вагнер“ што не пролеаја крв – можете да потпишете договор со Министерството за одбрана или да се преселите во Белорусија – рече Путин.

Рускиот претседател му се заблагодари на лидерот на Белорусија Александар Лукашенко за неговите напори за мирно решавање на ситуацијата, но рече дека единството на општеството е тоа што одиграло одлучувачка улога.

Путин ѝ се заблагодари на нацијата за единството, додавајќи дека на самиот почеток биле донесени сите неопходни одлуки за неутрализирање на заканата и „бунтот во секој случај ќе беше потиснат, организаторите сфатија дека нивните постапки се криминални“.

– Јавноста, партиите, верските организации, целото општество зазедоа цврст став за поддршка на уставниот поредок. Организаторите на бунтот, кои ја предадоа државата, ги предадоа оние што беа со нив. Бунтовниците сакаа војниците да се убиваат меѓу себе. Тие исто така го сакаа истиот исход како властите во Киев – рече Путин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.