Мециновиќ му одговори на Мицкоски: Левица е единствена алтернатива на триаголникот помеѓу СДС, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ преку објава на Фејсбук му одговори на Христијан Мицкоски за неговите обвинувања дека некоја трета опција ги разводнува антивладините гласови.

-Кога читате како ХМ зборува за некоја трета опција која ги разводнува антивладините гласови, потсетете се:

– дека ХМ на почеток на месецов побрза да стане премиер во Влада заедно со СДС, додека третата опција ги помати водите по кои требаше да крстари бродот на Широката коалиција.

– дека ни пасивни ни активни блокади видовте од пратениците на ДПМНЕ, иако ги најавуваа.

– дека од протестите против францускиот предлог, тема по која општеството имаше унифициран став, се обидоа да направат културно-забавен програм.

– дека наместо да се издејствуваат предвремени избори, постигнат беше договор со новото раководство на СДС да се остават одврзани рацете на градоначалниците на ДПМНЕ и за возврат ДПМНЕ да не притиска за избори.

ХМ, Левица не е трета опција, туку единствена алтернатива на триаголникот помеѓу СДС, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, напиша Мециновиќ на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.