ДУИ: Мицкоски да размисли за ставот за уставните измени, во партијата има структури што мислат различно од него

ДУИ денеска во партиско соопштение истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ има структури кои размислуваат различно од претседателот на партијата и апелираше Мицкоски добро да размисли за ставот за уставните измени.

-Демократската унија за интеграција смета дека во редовите на ВМРО- ДПМНЕ има личности кои размислуваат поинаку од првиот човек на партијата, затоа апелира уште еднаш ВМРО- ДПМНЕ да размисли за ставот што треба да го заземе за процесот на уставните измени, за да земјата не се изолира и да не се враќа многу години наназад, велат од ДУИ.

Пронајдете не на следниве мрежи: