Американското ВОЕНО РАЗУЗУНУВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Русија ги менува правилата на игра

Моќта на руската артилерија, системи за противвоздушна одбрана и средства за електронско војување ги менуваат правилата на игра во случај на директен конфликт со Западот, напиша на Твитер поранешниот американски воен разузнавач Скот Ритер.

Американското ВОЕНО РАЗУЗУНУВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Русија ги менува правилата на игра

-За сите владини генерали кои ја критикуваат Русија: размислете што направија, а што не направија САД и НАТО во последните 20 години. Ниту едното ниту другото не би успеале да се издржат долго време во тој конфликт, во кој денес учествуваат Украина и Русија – тоа е надвор од границите на нивната имагинација…

Употребата на муниција со висока прецизност нема да и помогне на Алијансата – системите за испорака ќе бидат уништени многу брзо со возвратен оган. Надмоќта на руската артилерија ги менува правилата на игра, според Ритер.

Според неговото мислење, супериорноста на Западот во авијацијата ќе биде поништена и со широко распространета мрежа за воздушна одбрана.

Ниту САД, ниту НАТО не се подготвени за конфликт со толку страшен противник како Русија, смета Ритер.

Тој додаде дека Вашингтон се приспособи на војна заснована на целосна доминација на сопствените воени системи. Иако функционираше во Авганистан и Ирак, ништо од тоа не би им помогнало на Американците во случај на конфликт со Русија, пишува офицерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.