Децата на Ана Ивановиќ се хранат многу здраво, една намирница секогаш доминира на чинијата: Скапа е и вкусна, а еве зошто е добра

Ана Ивановиќ е мајка на 3 момчиња, а нејзиниот трет син неодамна го донесе на свет. Поранешната тенисерка не сака да открива многу за својот живот пред јавноста, но со задоволство ги споделува најубавите моменти, како што се родендените на нејзините деца или на сопругот, Бастијан Швајнштајгер.

Иако професионално престана да се занимава со спорт, Ана продолжила да спортува и да води здрав живот, особено кога е исхраната во прашање. Таа често со следбениците на „Инстаграм“ споделувала што јаде, кои намирници ги бира, а во една прилика објавила и каква вечера подготвува за своите синови. Риба, јајца, тиквички и друг зеленчук се наоѓаат во чиниите на нејзините синови, а повеќето нејзини следбеници ја пофалиле во коментарите, објаснувајќи дека ова е одличен и здрав избор за најмалите. „Време е за вечера за моите момчиња. Верувам дека е многу важно рано да се развијат здрави навики во исхраната“.

Како што и самата навела, една од намирниците која доминирала во чиниите на нејзините деца, воедно и нејзиниот избор број 1, бил лососот. „Мојот омилен појадок е авокадо тост со пржени јајца, а како прилог – чаден лосос или спанаќ“, изјавила Ана во една прилика.
Иако е скап, лососот се смета за една од најхранливите намирници на нашата планета. Оваа супер здрава риба е богата со антиоксиданс астаксантин и е одличен извор на висококвалитетни протеини, витамини и минерали. Омега-3 масните киселини посебно го истакнуваат на листата на здрави намирници.

Тука се и други здрави опции за појадок, како каша и смути. „Ако сум во брзање, правам протеинско смути со банана, бадемово или кокосово млеко (во зависност од тоа што имам), протеински прав и мача во прав или цимет, малку ленено семе и путер од бадем“, раскажала тенисерката.
Ана ужива и во хамбургери и суши, но во поздрава варијанта, а салатите биле чест избор за појадок. Сака да подготвува здрави десерти, па еднаш споделила рецепт за леб од тиквички и банани, кој сакала да го прави за своето семејство.

Децата на Ана Ивановиќ се хранат многу здраво, една намирница секогаш доминира на чинијата: Скапа е и вкусна, а еве зошто е добра

За време на бременоста, нејзината исхрана била богата со свежо овошје, зеленчук, житарки, протеини и јаткасти плодови, а честопати јадела и акаи бобинки.
Ана очигледно се труди здравиот начин на исхрана да го пренесе и на синовите, а се надеваме дека наскоро ќе следи уште некој здрав и интересен рецепт.

Пронајдете не на следниве мрежи: