Столтенберг: Безбедноста е глобална, терористичките и кибер нападите немаат граници

НАТО е регионална Алијанса меѓу Европа и Северна Америка, но предизвиците со кои се соочуваме се глобални, а нашата безбедност е меѓусебно поврзана, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на втората сесија на Северноатланскиот совет со Шведска, партнерите од Индо-Пацификот и Европската Унија.

Столтенберг на отворањето на сесијата на вториот ден од Самитот на НАТО во Вилнус им порача добредојде на партнерите од Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, како и на Европската Унија, изразувајќи задоволство што сите заедно се собрани на едно место.

-Она што се случува во евроатлантскиот регион исто така го засега и Индо-Пацификот и она што се случува во Индо-пацификот го засега и евротлантскиот регион, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека војната во Украина има глобални последници, територистичките и кибер нападите немаат граници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.